(ВИДЕО) Кавга помеѓу Џафери и Милошоски: Законот за јазици му е потребен на Бејта за да го покрие енормното збогатување во градоначалничкиот мандат

Од:

Градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта во периодот додека е на чело на оваа општина се збогатил со два трговски центри и градел патишта без тендер со фирми кои се блиски до него, затоа му е потребен овој Закон за јазиците, за да се крене прашина и да се покрие криминалот кој тој го правил во Гостивар како и степенот на невработеност во оваа општина, обвини координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

– Невзат Бејта во Гостивар изградил 2 трговски центри од кои едниот, Елкос, е диво изграден, тој не направил доволно за гласачот Албанец, но за себе изградил 2 трговски центри и има потреба од овој закон за да се дигне магла и кавга помеѓу Македонците и Албанците за да не се види неговото енормно збогатување, рече Милошоски.

Покрај обвинението на Милошоски за двата трговски центри на Бејта, тој исто така го обвини гостиварскиот градоначалник за изградба на пат за кој е објавен тендер дури една година откако тој е изграден.

– На Бејта исто така овој закон му е потребен за да се дигне магла и да не се слушне за постапката која што се води за изграден пат без објавен тендер. Господинот Бејта гради пат без никаква набавка туку наредува на една фирма да го гради патот и дури после една година објавува тендер на изграден пат и на тендерот добива фирмата која пред една година веќе го изградила патот, тоа е незаконско делување, рече Милошоски.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери по обвиненијата на Милошоски упатени кон градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта се обрати кон пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ со зборовите дека не му доликува да ја злоупотребува говорницата за да кажува невистини.

– Милошоски ако си толку убеден за ова што го кажа излези од салата и оди таму каде што ќе им дадеш шанса на оние за кои збориш за да може да влезете во истражна процедура. Таа улица и тој пат е направен во село Тунчевиште каде што поголем број од граѓаните се Македонци и нема никаква врска со лично богатење на Бејта, рече Џафери по кратката расправа со Милошоски кој константно дофрлуваше од место.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители