(ВИДЕО) Тунтев: Законот за јазиците нема да биде донесен пред локалните избори

Од:

Законот за јазици нема да биде донесен пред изборите, по ова прво читање следи второ читање, амадманска расправа, па потоа и јавна расправа. Зошто е оваа фобија која ја создавате, запраша координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев по репликите на опозициските пратеници во кои обвинуваа дека овој закон е противуставен, незаконски и се носи без никаква дебата.

– Заклучокот од овој притисок кој го правите е единствен, тоа е само поради предизборни цели, сите опозициски партии собираат политички поени врз овој Закон во поглед на локалните избори, рече Тунтев.

Пратеничката Владанка Авировиќ по овој говор на Тунтев излезе со предлог, доколку тој мисли дека репликите на ВМРО-ДПМНЕ се предизборна кампања Предлог – законот за јазците да го повлечат веднаш.

– Иако сметате дека ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието реализира политичка кампања вие нема да го повлечете законот бидејќи тоа е политички договор меѓу СДСМ и ДУИ и вие не можете да опстанете доколку не биде донесен овој закон затоа што имате само 49 пратеници и ДУИ ви се повеќе од потребни за да остварите мнозинство, рече Авировиќ.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители