(ВИДЕО) Ременски: И покрај инструкциите на Груевски да бидете против, ќе гласате за Законот за јазици

Од:

Можам да се обложам со сите пратеници од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го гласаат Законот за употреба на јазиците и тоа ќе биде една голем пораз за нив, рече пратеничката од редовите на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски.

Таа истакна дека пратениците од ДПМНЕ се во контрадикторност со нивниот лидер, Никола Груевски кој пред медиумите им се додворува на Албанците објаснувајќи колку направил за нив додека бил на власт.

-Груевски, намерно ги става во оган неговите сопартијци во Собранието да говорат дека предлог законот за јазиците е неуставен и во несогласност со Рамковниот договор. Во отсуство на други аргументи зборувате за нешто што и сами не верувате. Очајот е толку голем во вашата партија што вашиот лидер по медиуми се обидува да им се додвори на Албанците докажувајќи колку направил за нив во периодот кога бил премиер, а од друга страна вас како пратеници ве исправа пред срамот да си „пукате во нога“ говорејќи спротивно на тоа што тој го зборува, рече Ташевска Ременски.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија во своја одбрана изјави дека тој и неговите сопартијци не ги менуваат ставовите, туку тоа го прават само пратениците од СДСМ со цел да се прилагодат на ситуацијата и на политичките договори со коалиционите партнери.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите