Водостоите на речиси сите реки во Македонија се под просекот за септември, покажува денешното хидролошко мерење на УХМР.
Драстично намалување е регистрирано на Црн Дрим кај Ложани, од просечните 102 на 24 сантиметри.
Нивоата на Пчиња кај Катлановска Бања, на Брегалница кај Берово, на Црна Река кај Новаци и на Сатеска кај Ботун се повеќе од преполовени, додека надолни отстапувања бележат и Вардар кај Јегуновце, Скопје – Зајчев Рид, Велес и Демир Капија, како и Треска кај Македонски брод.
Зголемен е единствено водостојот на реката Струмица кај Сушево.