Претседателот на Палестинската Автономна Управа, Махмуд Абас денеска ги повика ОН да се обидат да стават крај на „израелската окупација“ на палестинските територии.
– ОН треба да продолжат со своите напори за ставање крај на израелската окупација на Државата Палестина во одредена временска рамка, изјави палестинскиот лидер во обраќањето на заседанието на Генералното собрание на Светската органзиација во Њујорк.
Абас ја повтори својата поддршка на идејата за решавање на израелско-палестинскиот конфликт според моделот на создавање на две држави, нагласувајќи дека ако пропадне овој предлог, Палестинците ќе немаат друг избор освен „да ја продолжат борбата и да бараат целосни права за сите жители на историската држава Палестина“.