ВИДЕО: Морган Фримен „открива“ кој е Владимир Путин

Од:

Комитетот за истрага што го води случајот за новодното мешање на Русија во минатогодишните претседателски избори во САД, објави видео каде се „објаснува кој е рускиот претседател Владимир Путин“, а наратор во видеото е познатиот американски актер и режисер Морган Фримен.

– Ние сме нападнати. Ние сме во војна. Поранешниот шпион на Комитетот за државна безбедност на Русија (КГБ), гневен поради пропаста на неговата татковина, подготви начин за одмазда. Користејќи ја предноста на хаотичната состојба, тој си направи пат низ хиерархискиот систем на постсоветска Русија и стана претседател. Воспостави авторитативен режим и ги постави за мета своите најголеми непријатели – САД, наведе Фримен.

Во продолжение, се наведува дека е вистина оти Путин бил шпион на КГБ, исто така и дека е вистина оти тајно, извршувал кибернапади врз демократијата во светот.

– Тој шпион е Владимир Путин и ова не е филмско сценарио. Неопходно е нашиот претседател да ни ја каже вистината, нагласи Фримен, а потоа издекламира текст што би требало Трамп да им го каже на Американците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади