Пратениците расправаат за пролонгирање на изградбата на Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид

Од:

Пратениците во Собранието на РМ вечерва ја почнаа расправата за Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, по итна постапка.

Министрот за транспорт и врски Горан Сугаревски побара од пратениците да го изгласаат законот со кој ќе се пролонгира изградбата на автопатот Миладиновци-Штип, а за кој нема да има финансиски импликации. Истото важи и за автопатот Кичево-Охрид.

Пратениците од опозицијата обвинија дека во овие три месеци Владата свесно ја кочела изградбата на автопатиштата и дека со оваа мрека за која денеска се гласа се докажало дека не биле точни обвинувањата дека требало да се менува трасата на повеќе делови од двата автопати.

Според Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ со ова барање на министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски се докажува дека автопатите свесно ги кочел и дека само ге пролонгирал рокот за изградбата.

Сугаревски праша зошто ако се било во ред не биле завршени во договорениот рок, односно до 1 мај оваа година кога беше на власт ВМРО ДПМНЕ и рече дека не се точни обвинувањата дека тој ја кочи иградбата. Наприотив, додаде, ние сега ги исправаме грешките на претходната власт и затоа се потребни овие измени и дополнувања.

Благоја Деспотовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека ќе го поддржи предлог законот бидејќи, како што рече, е добро за сите граѓани на Република Македонија.

Претседателот на парламентот Талат Џафери даде пауза до 20:30 часот по што ќе продолжи расправата по истата точка.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител