(ВИДЕО) Црвенковски: 2013. да биде година кога храброста ќе го порази стравот, а волјата ќе биде посилна од диктатурата на власта

Од:

Седум години власта ја гази демократијата, за нив нема ни Устав ни Закон, рече на собирот во Скопје, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Човек не може, рече Црвенковски, да се вработи без партиска книшка, не може да добие социјална помош, субвениции, доколку не е на нивниот партиски список. Уредувачката политика се договара овде во „жолтата куќа“ во центарот за лаги и манипулации.

„Поклопија се, медиуми, судство, администрација, црква, синдикати, невладин сектор. Им остана една пречка, а тоа е опозицијата, опозицијата која обединета на последните избори доби повеќе гласови и го има народниот легитимитет“, рече Црвенковски.

Таа опозиција, праша како се трошат народните пари. Опозицијата кажа дека не требаат нови задолжувања и луксузирања.

Ако е криза, рече Црвенковски, треба и владата да штеди, а не да троши на луксузни патувања, возила, реклами, споменици и фонтани, барокни фасади.

„Оваа власт не може да дише без многу пари и без кредити. И тогаш пастирот смисли сценарио како што му личи на еден диктатор, да го изгласа буџетот на шверцерски начин. Специјалци и алфи тепаа пратеници, ги исфрлија новинарите и снимателите за да нема сведоци.

Во понедлникот Никола Груевски направи убиство на демократијата. Македонија не е веќе правна држава туку партиско-полициски режим. Оваа брука ја виде цел свет, рече Црвенковски.

Лидерот на СДСМ посочи дека Никола Груевски ги стави пред свршен чин граѓаните. Или ќе наведнеме глава, ќе молчиме и трпиме или ќе се кренеме и избориме. Да се избриме за нашата слобода, демократијата, за нашата Македонија.

Секој кој мисли да остане салонски интелектуалец или циник ќе ги трпи последиците.

„Во СДСМ одлуката е донесена, враќање назад нема. Запирање нема. Одиме во победа. Нека не ги лаже умот, дека по Нова година ќе се умориме.

Се допрва почнува. Почнува крајот на диктатурата на Никола Груевски. Народот вели пред Божиќ, зад Божиќ кај и да си дома да си. Во ваква диктаторска држава, нашиот дом ќе бидат улиците, плоштадите и парковите.

Од среда продолжуваме секоја вечер од 18 д0 19 часот. Во сите градови ќе се организира граѓански парламент каде нацрт ќе каже за својата мака“, рече Црвенковски.

На народот му ја честиташе Новата 2013-та година и поска: 2013-та да биде година кога храброста ќе го порази стравот, кога волјата ќе биде посилна од диктатурата на власта кога ќе го видиме излезот од ова мочуриште.

„Нека ни е срќена новата победничка 2013-та година“, рече Црвенковски.

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција