ВМРО-ДПМНЕ: Сите мерки кои ги презентираше Макрадули се давање на иницијативи, а не конкретно делување

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавата на заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули.

„Прес конференцијата на заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули преставува чист популизам во пресрет на изборите. Тој практично вети дека ќе го исчисти владата загадениот воздух со протоколарни заложби и рестриктивни мерки кои одат на штета на граѓаните.

Посебниот сообраќаен режим или воведувањето на мерката пар непар за возење на автомобили нема да го реши проблемот со загадениот воздух, туку само ќе ја зголеми нервозата на граѓаните и ќе ја потикне нефункционалноста за што ќе трпи и бизнисот како и граѓаните.

Загадениот воздух нема да се исчисти со мерката на владата која ја презентираше Макрадули за зголемување на административните капацитети за проверка на оџаците на домаќинствата. Како министерство тоа може да го прават и сега, но откако тoa ќе го констатираат треба да понудат и конретно решение.

Сите мерки кои ги презентираше се давање на иницијативи, а не конкретно делување што покажува дека ништо од ова нема да се оствари и оваа прес конференција е гол и примитивен популизам во однос на претстојните локални избори.

На граѓаните им се потребни прецизни и сеопфатни мерки кои квалитативно ќе го подобрат загадениот воздух и животната средина“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски