Прекината собраниската седница за патните делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид

Од:

Пратениците попладнево на 16. седница го усвоија дневниот ред на кој единствена точка е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, по итна постапка.

Претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери ја прекина седницата и даде пауза од еден час, при што им наложи на матичните комисии да се изјаснат по предложената точка.

Џафери најави дека во 17 часот пратениците ќе расправаат по три точки од 17. седница за која рече дека е итна бидејќи треба да се констатира мандат на нов пратеник на местото на Биљал Касами, потоа избор на член на ДИК за кој е потребно двотретинско мнозинство и избор на вицегувернер на Народната Банка на РМ.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции