Компанијата почетник во Силициумската Долина, Стартап ПИ го најави својот прв безжичен полнач за смарт уреди.
ПИ полначите, големи колку една обична вазна, функционираат врз основа на постоечките принципи на Епл и Андроид за безжично полнење. Односно, наместо кабли и џекчиња, овој конусовиден предмет ги полни телефоните преку магнетни бранови.
– Магнетните полиња се идеален начин за безбеден пренос на енергија во мобилните електронски уреди… Потежок дел беше разрабоката – магнетното полнење да го направиме пофлексибилно, така што уредот ќе биде мултифункционален и да има поширок опсег на употреба, истакна главниот технолог на ПИ, Ликсин Ши, кој заедно со Џон Мекдоналд го конструираа полначот.
За телефонот да почне да се полни, доволно е само да се доближи до полначот на најмногу 30 сантиметри.