Мексиканската служба за цивилна заштита соопшти, дека бројот на загинати лица во вчерашниот земјотрес со интензитет од 7,1 степен, според Рихтеровата скала, што го погоди Мексико, е намален на 217.
Претходно, беше соопштено дека има најмалку 248 жртви.
Директорот на Службата, Луис Филипе Пуенте не даде објаснување за намалувањето на бројот на жртвите.
Тој наведе дека во Мексико Сити се загинати 86 лица, 71 во Морелос, 43 во Пуебла, 12 во Мексико, четири лица во Гереро и еден во Оаксака.