Повик за претставување на 7.„Недела на дизајн во Скопје“

Од:

Дизајнери, дизајн студија и компании од Македонија и регионот можат да се пријават на отворениот повик за претставување нови производи и услуги на 7. „Недела на дизајн во Скопје“ (Skopje Design Week) којашто ќе се одржи од 22. до 26. ноември годинава.

– Седмото издание на Неделата на дизајн на јавноста ќе и понуди изложби од цела Европа, презентации, работилници со врвни дизајн практичари, забава, вмрежување и секако награди во три различни категории за дизајнери и компании, соопштија денеска од „Неделата на дизајн“.

Најавуваат дека првпат изложбите ќе бидат поставени на две локации: Центарот за дизајн и иновации „Паблик рум“ и продавницата за мебел и осветлување „Лукс латенинг енд ливинг“. На двете локации ќе можат да се видат дизајни на млади дизајнери од Балканот.

– Унгарија преставувана од 20-ина продукт дизајнери и иноватори е земја во фокус на овогодинешното издание на Неделата на дизајн во Скопје. Дизајн на храна е новата дисциплина која е е отворена за пошироката јавност и ќе отвори врата за „не” дизајнери да се приклучат активно во програмските активности. Музичката програма, предавањата, детските работилници и саемскиот дел се интергелена целина на секое издание на Скопје дизајн вик, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска