ВИДЕО: Средба на Груевски со амбасадорите на земјите членки на ЕУ и НАТО како и преставници на ОБСЕ и ОДИХР

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денес остварја средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и НАТО како и преставници на ОБСЕ и ОДИХР, соопштуваат од партијата.

На средбата се разговарало за актуелната состојба во државата, подготовката на локалните избори, како и стратешките интереси на државата.

Од страна на Груевски било истакнато дека стратешки приоритет на Република Македонија преставува членството во Европската Унија и за тоа е многу важна поддршката од европските пријатели со цел придвижување на процесите. Во изминатиот период освен декларативна заложба на владата, немаше никаков суштински продонес за напредок на полето на интеграциите, истакнал Груевски.

Била изразена загриженост од негативните трендови во економијата која придонесува за слабеење на стандардот на граѓаните и создавањето на лош амбиент за водење на бизнис.

Истовремено загрижува и тенденцијата кое преминува во редовна пракса на повреда на законите, кога станува збор за именување на функционери, како и корупциските скандали кои се врзуваат за владата, а кои говорат за незаконско постапувања, било истакната од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Посочена била и потреба владата активно да се ангажира за создавање на демократски амбиент за одржување на локалните избори и за таа цел не се во полза политичките пресметки и хајки врз градоначалниците, негативната реторика која не придонесува кон градење на доверба кон целокупниот процес. Била изразена силна загриженост од првичните обиди да се заплашуваат гласачи и да се поткупува гласот од страна на СДСМ, известија од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито