Дијаспората ќе земе активно учество во подготовката на владината национална стратегија за иселениците

Од:

Обединетата македонска дијаспора и Форумот за демократска Македонија на вчерашните средби со висока владина делегација во Њујорк искажаа задоволство од подготвеноста на Владата за соработка со нив.

Премиерот Зоран Заев, министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми и министерот за надорешни работи, Никола Димитров, вчера во Њујорк се сретнаа со претставници на македонската дијаспора од Северна Америка.

– Ова беше прва официјална средба на нашата организација со високи владини претставници и ја оценивме за мошне позитивна, изјави за МИА Андреј Демјански, еден од основачите на ФДМ.

Тие разговараа за решавање на конкретни проблеми со кои се соочуваат иселениците како административни пречки при аплицирање за пасоши или други лични документи во дипломатско-конзуларните претставништва. ФДМ исто така отвори дискусија за проблемите околу ставањето на иселениците во избирачкиот список и побара нивна активно учество во подготовката на националната стратегија за дијаспора, едно од предизборните ветувања на коалицијата предводена од СДСМ.

– Темата изучување на македонски јазик на иселениците од втора или трета генерација е мошна важна и ние разговаравме со премиерот за владина поддршка на поединци од Македонија со познавање на литературен македонски јазик, како додипломци или магистранти, кои во својство на стажанти или вработени во државната администрација би предавале онлајн македонски јазик за иселениците од втора и трета генерација, додаде Демјански.

ФДМ е новоформирана организација во која земаат учество поединци и групи собрани околу Студенскиот пленум или движењето Протестирам. Како организација тие започнаа активно да работат годинава после 26 април и немилите настаните во Собранието на Репубика Македонија.

– Ние сме задоволни од текот на досегашната соработка со Владата бидејќи ова беше наша трета официјална средба со премиерот Заев кој ја разбира важноста на нашите активности, изјави Мето Колоски, претседадател на ОМД.

На средбата тие ги отворија темите за законот за јазици и за проблемот со името на Македонија наметнат од Грција.

Премиерот Заев ветил дека законот за јазици нема да допира во Уставот на Република Македонија и дека македонскиот е официјален јазик, додека малцинствата кои зборуваат друг јазик да имаат право да го користат нивниот мајчин јазик во колку што е можно поширока рамка.

ОМД им порача на високите гости дека влезот на Македонија во НАТО и ЕУ не треба да биде на штета на идентитетот на македонскиот народ и името на нашата земја. Исто така, на средбата се разговараше за реализација на попис и премиерот вети најдоцна до 2019 година да се одржи попис на населението и домаќинствата во Македонија.

Во изминатите тринаесет години од своето постоење ОМД е активна со лобирање за интересите на македонската заедница во американскиот Конгрес и во администрацијат на претседателот на САД.

На средбата со Заев и министрите, се раговараша за лобирачки техники како мошне значајна алатка во постигнување на интересите на помалите земји. На оваа тема свое кратко излагање имаше Аља Делкиќ, директор на Консултативниот совет на Босна и Херцеговина, која укажа колку е клучно лобирањето во Вашигтон и каква улога во тоа играат непрофитните организациии.

ОМД изрази подготвеност за активно учество во националната стратегија за иселеништво и побара формирање на министерство за дијаспора, кое ќе ги продлабичи врските помеѓу татковината и дијапосрата на социјален и економски план.

– Треба да се донесе закон за односите помеѓу татковината и дијаспората и да се формира министерство кое треба да ги обедини сите сегашни владини тела кои работат во оваа област, а тоа се Агенцијата за иселеништво, Секторот за иселеници при МНР и координативното тело на Владата за прашања од дијаспората, изјави за МИА Колоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави