Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд се подготвува за сензационална кариера како професионален боксер, објавија англиските медиуми.
Сепак, „Дејли Мејл“ наведува дека се работи повеќе за ТВ-проект, отколку за вистински спортски предизвик. Списанието потсетува на учеството на поранешниот англиски крикет играч Ендру Флинтоф во сличен проект во 2012 година, кога го победи Ричард Доусн во четири рунди.
Фердинанд е голем љубител на боксот и личен пријател со Ентони Џошуа. Тој, исто така, често објавува видео снимки од тренинзи по боксот.
Поранешниот напаѓач на Шефилд Јунајтед, Кертис Вудхаус го поддржа Фердинанд во намерите да стане боксер. Тој самиот го стори тоа, па дури и ја освои титулата во 2012 година.