Арсовска во Сиднеј: Инфраструктурата важна за поврзување со глобалниот пазар

Од:

Претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска, која ја предводи делегацијата на 10. Светски коморски конгрес во Сиднеј, претседаваше со сесија посветена на инфраструктурата.

Ова е првпат во 20 години од почетокот на одржување на конгресот, Република Македонија да претседава со тематска сесија на овој светски настан. Арсовска учествува на покана од Интернационалната Стопанска Комора и Светската федерација на комори.

На сесијата, како што соопшти денеска ССК, Арсовска дискутирала за потребите од инвестиции во инфраструктурата што е неопходна за економски и социјален развој, како за развиените, така и за земјите во развој.

– Многу е важно да постои глобална перспектива за потребите од инвестиции во инфраструктурата и да се разберат економските и демографските предизвици со кои се соочуваме во 21 век. Затоа новиот систем за поддршка на интернационална инфраструктура како платформа им овозможува на земјите пример за подготовка на големи инфраструктурни проекти. Република Македонија која има одлична стратешка географска местоположба има потенцијал за брз економски развој доколку инвестира во современа инфраструктура, рекла Арсовска.

На сесијата е посочено дека бизнисите се потпираат на модерна инфраструктура за да останат конкурентни, додека општеството зависи од висококвалитетната инфраструктура за да обезбеди еднакви можности, социјална мобилност и пристап до здравствени услуги, храна, образование и други основни потреби.

На сесијата присуствувале и Тоебен Гери од САД, претседател на Стопанската комора Лос Анџелес, Брер Адамс, директор на Г20 Глобалниот инфраструктурен хуб, Мишел Керф, регионален директор на Светската банка и Ал Сурур Јасин, претседавач на ICC Сауди и советник на Г20.

Фокусот на годинашниот 10-ти по ред Светски коморски конгрес се инвестициите во инфраструктурата, влијанието на конфликтите и тероризмот врз економијата, како и најдобрите начини за обезбедување пристап до финансии на глобално ниво. Конгресот се одржува на секои две години на различен континент и обединува над 1.200 делегати од повеќе од 100 земји од целиот свет. На тридневниот настан бизнис лидерите ќе истакнат стратегија за глобален настап за 2018-2020 година.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Понудата и побарувачката конечно треба да ги одредуваат цените

ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ е еден од добитниците на престижното признание за Македонски квалитет за 2022 година

Признание „Македонски квалитет 2021“ за 10 успешни национални претпријатија

А1он

Во Будимпешта одржа средба на десет стопански комори од Западен Балкан и од Вишеградската група

А1он

ВИДЕО: Заев со половина влада на средба со бизнисмените: Целосно ќе се посветиме на економијата

Жарко Настоски

Игротеки, установи за едукација, објекти за веселби бараат итно донесување протоколи и финансиска помош

Ана Ололовска