ВМРО-ДПМНЕ: Алаѓозовски не направи ништо во првите 100 дена

Од:

Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиуите рече дека Алаѓозовски е најнеуспешниот министер за култура од независноста до денес и дека владата на СДСМ создава хаос во култура. Тој кажа дека СДСМ скратиле 4,5 милиони евра за култура, намалени се средствата за културно наследство, за филмската продукција, како и за инвестициите во културата и за доградбата на струмичкиот театар.

– Првите 100 дена на Алаѓозовски ќе бидат запаметени по масовната и безочна дискриминација на уметниците, со заложбата за укинување на титулата Национален уметник, со која се вреднува трудот на уметниците – нашите врвни амбасадори на македонската култура во светот. Неспособниот Роберт Алаѓозовски и неговите очајно лоши советници од типот на Златко Теодосиевски – осомничен за финансиски малверзации во времето кога извршувал висока позиција во Министерството, Мирослав Грчев кој на јавноста и е познат по своите нихилистички ставови кон сопствениот народ, Донка Браџиева – претседател на непостоечка невладина организација, нереализиран самонаречен експер и тажен лик од областа на заштитата на културното наследство – не се и не можат да бидат репрезенти на Македонското културно живеење денес заедно со Алаѓозовски, тие го сочинуваат црниот мозаик на негрижата за македоснката култура денес, рече Атанасов.

Тој додаде дека Алаѓозовски го претворил министерството во институција која треба да се наполни со партиски кадри, па на местото на Зоран Џорлев на раководната позиција во Танец го поставил Стојанче Павловски со што свесно се креирал хаос и се потценувале сите културни работници.

– Обвинувањата на Алаѓозоски околу изградбата на објектот на Македонската филхармонија, која не е само од значење за македонските уметници, туку за сите идни генерации се малициозни и неосновани и се обид да се дефокусира јавноста под фактот дека Роберт Алаѓозоивски во првите 100 дена од своето владеење не направи буквално ништо. Роберт Алаѓозовски не реализираше ниту еден единствен проект со кој би се подобрило културното живеење во Република Македонија. Неспособниот Роберт Алаѓозовски се обиде да ја затскрие својата неспособност зад насилни и незаконски отпуштања од работа на десетици административци докажани професионалци во културата, укинувања на низа погодности за македонските уметници и тотална негрижа за стручниот кадар во администрацијата, смета Атанасов.

Според него, приказните за интензивна меѓународна соработка, средби со странските амбасадори и меѓународна поддршка на неговите политики, биле само мртво слово на хартија и приказни за мали деца. Она што за Алаѓозовски е поддршка од преку дваесет странски амбасадори, како што рече Атанасов, за странските амбасадори е секојдневна работа – во описот на нивните работни места е да се сретнат со новоименуваните министри и ништо повеќе.

– Алаѓозовски во изборна кампања ветуваше заштита на скопскиот аквадукт и конзервација на “Ангелот во Курбиново”. Од позиција на министер овие работи станаа неважни за него. Алаѓозовски во текот на изборите секојдневно беше пред археолошкиот локалитет Скупи изразуваше драматична загриженост за неговата судбина ?! Знаете ли колку пати Алаѓозовски во изминативе сто дена, го посети или барем го спомена Скупи? Одговорот е ниту еднаш. Заклучокот е многу едноставен. Она што опозиционерот Алаѓозовски го говореше – Министерот Алаѓозовски го заборави, заврши Атанасов.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија