Најмалку 15 лица загинаа, а 43 се повредени во самоубиствен напад што денеска го извршиле двајца бомбаши самоубијци во североисточниот дел во Нигерија, соопшти претставник на локалната полиција.
Според него, двојниот самибиствен напад се случил во селото Машалар во близина на градот Кондуга.
Нападот бил извршен врз група цивили кои чекале за дистрибуција на помош.