(ВИДЕО) Стаменковска: Власта донесе одлука за пренамена на земјоделско земјиште во сопственост на Анѓушеви во градежно, со што му се зголеми вредноста

Од:

Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција изјави дека Владата се претворила во комерција на фирмите на Заеви и Анѓушеви, бидејќи владата во која Заев е премиер, а Анѓушев вицепремиер носела одлуки според потребите на нивните фирми.

– Како поинаку да се толкува фактот дека владата донела одлука спротивно на законските ограничувања за овој период, со кој ги чести Анѓушев со пренамена на земјиште. Повиканите молчат за овој скандал со кој земјоделското земјиште на Анѓушеви се пренаменува во градежно и со тоа десеткратно му се зголемува вредноста. Ова е веќе работа на надлежните институции за истрага на криминалот. Владата по распишувањето на локалните избори носи одлука за пренамена на земјоделско земјиште во сопственост на Анѓушеви во градежно и со тоа му се зголемува вредноста, односно се зголемува богатството на Анѓушеви. Дополнително им се овозможува на фирмите на Анѓушев „Energy delivery solutions“ и „Hidro holding“ односно „Мали Хидроелектрани Тополки ДОО“ да градат и на тој начин да си го шират семејниот бизнис, рече Стаменковска.

Таа кажа дека ова е класичен пример на искористување на позициите во владата за да се излобира погодност за своето семејство и за фирмите на Анѓушеви и дека тие во конкуренција со фирмите на Заев имаат план да ја поседуваат цела Македонија.

– Јавноста отворено прашува како овие два картела ги имаат поделено бизнис интересите. На овие два картели бизнисите им цветаат на грбот на граѓаните и тоа ќе биде казнето на претстојните локални избори. Граѓаните ќе застанат на патот на оваа алчност и на ова лудило на владата на Социјал-демократскиот сојуз и многу скоро ќе им ја испорачаат сметката изразена во катастрофален пораз, смета Стаменковска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија