Стојаноски: Рашкоски на фирмата на неговиот кум плаќа за работи што може да се вршат од службите на генералниот секретаријат

Од:

Рашковски треба крвично да одговара за организираната спрега и организираното испумпување на пари од буџетот преку фирмата на неговиот кум, изјави денеска Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека Рашковски ја ангажирал фирмата на неговиот кум, формирана на само 2 месеци пред да се случи тоа и со пари на граѓаните се плаќале скапи услуги. Згора на тоа, како што кажа Стојаноски, Рашковски и владата плаќале на кумот на Рашковски за нешто што веќе може да се направи од службите на генералниот секретаријат за што луѓе добивале и плата.

– Владата молчи затоа што фактите се јасни: Прво, Рашковски и Костиќ се во кумовска врска. Второ, Адвокатското друштво добивало дебели хонорари од државни институции за работи за кои немало воопшто потребно адвокатски ангажман. Трето, на крајот ова Адвокатско друштво било формирано пред само два месеци, поточно на 27 јули годинава, што само го отвора сомнежот дека било наменски направено за да се ангажира и на тој начин да се испумпуваат народни пари на сметките на блиски фирми, рече Стојаноски.

Според него оваа најверојатно наменски формирана адвокатска канцеларија има за цел да зема народни пари без работа. Стојаноски рече дека Рашковски полека но сигурно станува главен синоним за непотизам, нечесно и незаконско работење.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ