Ураганот Норма крај Мексико ослабна на ниво на тропска бура

Од:

Ураганот Норма, кој се формираше крај пацифичкиот брег на Мексико и се упати кон северозападната мексиканска сојузна држава Баха Калифорнија, ослабна на ниво на тропска бура, соопшти денеска американскиот Национален центар за урагани (НХЦ).

Според Центарот, се очекува Норма дополнително да ослабне во текот на следниве два дена, пред да стигне до бреговите на Баха Калифорнија.

Претпледнево, Норма, во чие жариште дуваат ветрови со јачина до 100 километри на час, се наоѓаше на околку 300 километри јужно од поплуларното туристичко одморалиште Лос Кавос. Бурата се движи со брзина од шест километри на час.

Во пресрет на наближувањето на Норма, мексиканските власти издадоа предупредување за опасност од тропска бура, пред се во јужните делови на Баха Калифорнија, каде невремето „може да донесе поројни дождови кои би предизвикале поплави опасни по животите на луѓето“.

Норма следува по бурата Макс која пред три дена ја погоди јужната мексиканска сојузна држава Оаксака на пацифичкиот брег, каде поројните дождови предизвикаа повеќе лизгања на земјштето. Оаксака на 7 септември ја погоди и земјотрес со интензитет од 8,2 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа 96 лица.

Минатата недела атлантскиот брег на Мексико беше погоден од ураганот Катја, а на почетокот на месецов Баха Калифорнија се најде на удар на тропската бура Лидија, при што загинаа седум лица.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори