Јовановски: Не може, а да не помине ден без скандал на Зоран Заев и СДС

Од:

„Не може а да не помине ден без скандал на Зоран Заев и СДС.

Јавноста вчера беше шокантен сведок како еден од обвинетите во најголемата анти-трористичката акција што воопшто се случила во Република Македонија Деме Шеху, пред два дена од својата ќелија во казнено поправниот дом Идризово споделил фејсбук статус.

Оттука би сакале да поставиме неколку логички прашања:

Како обвинетите од Диво Насеље стигнале до мобилен телефон?

Кој им дозволил да ги користат и со која цел?

Зошто надлежните молчат за ваквите злоупотреби?

Ова се прашања кои македонската јавност заслужува и мора да ги знае. Одговорност за ваквите постапки мора да има. Ова пред се е навреда за секој оној кој се бори за правда и правна држава, а посебно е навреда за сите оние кои ги дадоа своите животи за одбрана на Република Македонија.

Симптиматично е дека Зоран Заев најави амнестија токму по посетата на затворот Идризово каде јавноста можеше да види како се ракува со убицји и луѓе обвинети за тешки дела.

Инаку, сакаме да ја потсетиме јавноста дека Деме Шеху е еден од уапсените во анти-терористичката акција од 9ти и 10ти мај 2015 година во која загинаа осум македонски бранители, припадници на специјалните сили на МВР, а преку 37 беа повредени.

Ваквото однесување на партизираните кадри на Зоран Заев и СДС мора да престане.

Да не се обидуваат во ниту еден момент да ги навредат сите оние кои го дадоа животот за Република Македонија.

Граѓаните ги гледаат ваквите штетни политки и затоа на 15-ти октомври ќе бидат најстрого казнети.

Казната која ќе ги стаса на локалните избори ќе биде увертира во предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе застанат на патот на оваа расипничка и ненародна власт“, изјави Крсто Јовановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Орце не може да го исчисти ниту „Расадник“, лаже дека ќе исчисти цело Скопје за 72 часа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици

Герасимовски: Реконструиравме над 24 улици, безбедноста подигната на највисоко ниво

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

ЗНАМ до Герасимовски: Дали кандидатите за советници имаат право да градат без одобрение за градба