Њујоршкиот бизнисмен и иноватор Арон Росан изработи елементи за градба наречени „Еверблокс“, кои по својот изглед и структура наликуваат на популарните детски Лего коцки.
Иако потсетуваат на Лего коцките, блоковите на Росан всушност претставуваат елементи од кои може да се изгради куќа или накаква друга корисна структура.
Коцките „Еверблокс“ се со димензии од 30, 15 и 7,5 сантиметри и се склопуваат според Лего методот една врз друга, при што со почитување на конвенционалните методи на конструирање може да се склопи голема функционална структура.
За да се зацрсти структурата, секој блок има канал низ кој може да се вметне арматура.
Предноста на овие елементи е што еднаш изградената структура може да се расклопи и блоквите да се искористат за нова градба.