Консумирањето риба ја намалува депресијата

Од:

Честото консумирање риба резултира со намалување на ризикот за депресија за 17 отсто, се наведува во студија спроведена од научници од Универзитетот во кинескиот град Кингдао.

Според нив, рибата е богата со многу хранливи материи, вклучувајќи омега 3 масни киселини, висококвалитетни протеини, витамини и минерали кои веќе се поврзани со намален ризик за депресија.

Најважен фактор можеле да биде омега 3 масните киселини кои можат да влијаат на функцијата на невротрансмитери како допамин или серотонин.

Проценето е дека депресијата погодува 350 милиони луѓе во светот.

Сознанијата на кинеските научници се темелат врз основа на податоците собрани за потребите на 26 претходни студии спроведени со учество на 150.000 испитаници.

Воочената врска меѓу често конзумирање риба и помалиот ризик за депресија е поизразено кај мажите.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска