Околу 240 илјади деца во изминатите три недели побегнале од државата Ракајн во Мјанмар во соседен Бангладеш, соопшти Уницеф.
Портпаролката на Уницеф Марикси Меркадо изјави денеска дека таа цифра која е околу 60 отсто од 391 илјада бегалци, и вклучува околу 36.000 деца помлади од една година.
Таа додаде дека проценките се дека меѓу нив има 52.000 бремени жени и доилки. Меркадо вели дека околу 1.100 малолетници сами ја преминале границата во минатата недела. Таа зборуваше на редовен состанок во Женева на кој учествуваа многу агенции на ОН што учествуваат во решавање на кризата во Бангладеш.