ВМРО-ДПМНЕ ја заклучи листата со предложени кандидати за градоначалници

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ја заклучи листата со предложени кандидати за градоначалници. Селектирани се и последните 9 кои денеска ги промовираме, изјави Христијан Мицкоски.

– ВМРО-ДПМНЕ водена од идејата на своите гласачи и на сите граѓани на Република Македонија да им ги понуди најквалитетните кадри за кандидати за градоначалници, давајќи му секогаш примат на индивидуалниот капацитет на поединецот и неговата репутација во своето место на живеење, ги нуди следните кандидати за градоначалници:

За Центар, го предлагаме господинот Дејан Јовановски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, познат спортист, кошаркар со импресивна кариера во кошарката, генерален секретар на македонската кошаркарска федерација во 2016 година, почитуван помеѓу колегите и граѓаните.
За општина Могила, го предлагаме господинот Стевче Пивковски, познат стопанственик, чесен и работлив човек, со голем углед во општина Могила.
За Илинден, го предлагаме актуелниот градоначалник, господинот Жика Стојановски, кој во текот на изминатиот мандат има реализирано голем број на проекти за својата општина.
За општина Македонски Брод, го предлагаме актуелниот градоначалник, господинот Милосим Војнески, човек со голем број на остварени проекти зад себе, угледен и почитуван граѓанин.
За општина Лозово, го предлагаме Јордан Илиевски, правник, вработен во Управата за Имотно правни работи.
За општина Делчево, го предлагаме господинот Иван Соколов, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, стопанственик, почитуван и угледен граѓанин, познат во градот но и пошироко.
За општина Берово, го предлагаме господинот Никола Атанасов, моментален претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Берово, докажан работник, силен карактер, почитуван помеѓу своите сограѓани.
За општина Теарце, ВМРО-ДПМНЕ го предлага господинот Војо Гогоски, магистер по шумски науки, вработен во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, угледен граѓанин и посветен на работата.
За општина Кичево, ВМРО-ДПМНЕ го предлага господинот Влатко Сајкоски, дипломиран правник, фамилијарен човек, сопруг и родител на 3 деца.
За општина Зелениково, го предлагаме господинот Александар Манев, вработен во МЕПСО, семеен човек, работлив и почитуван и уледен сосед.

Овие кандидати како и досега промовираните се најквалитетните решенија, работливи луѓе, посветени на работата која што ја работат, докажани во фелата од која што доаѓаат, кои уживеат голем углед и почит во средината на живеење. Овие кандидати, и сите претходно промовирани се сигурен гарант дека општините ќе продолжат да се развиваат во правилна насока, ќе продолжат инвестициите во инфраструктурата, образованието, комуналниот сектор и сите други сфери на општественото живеење во единиците на локална самоуправа, рече Мицкоски.

Според него овие избори се одлучувачки во кој правец сакаме да се движи државата.

– Дали сакаме да продолжиме по криминогениот пат кој го воспостави Социјал-демократкиот сојуз за само 100 дена владеење или сакаме да градиме напредно општество решавајќи ги инфраструктурните проблеми низ населените места во државата и создавајќи подобра бизнис клима. Граѓаните на 15-ти октомври не гласаат само за кандидати, туку и за концепт на работа, кој го гарантира ВМРО-ДПМНЕ и нејзините кадри, испреплетен со голема посветеност, работа и насоченост кон развој, заврши Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер бара од компаниите да гласаат за него наведувајќи го бројот на гласачкото ливче

ВМРО-ДПМНЕ: Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт

Горан Наумовски

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Стојаноска: Со платформата 1198 како идна влада ќе имаме широк дијалог со синдикатите и жестока борба со корупцијата

А1он