Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Интернетот треба да биде „отсечен“, со цел да се запрат идните терористички напади, јави „Индепендент“.
– Со губитничките терористи мора да се справиме на пожесток начин. Интернетот е нивна главна алатка за регрутирање, која мораме да ја отсечеме и да ја искористиме подобро!, напиша Трамп на Твитер по денешниот напад во метрото во Лондон.
Утрово во 8.20 часот експлодира рачно изработена бомба во последниот вагон од возот на подземната железница, поставена во кофа каква обично користат градежните работници, а во која имало бела брендирана кеса. Осумнаесет лица се хоспитализирани по експлозијата во Лондон, но никој од нив не е во животна опасност, соопшти лондонската Брза помош.