Демократски сојуз: Само со победа на локалните избори ќе се обезбедат услови за продолжување на реформите

Од:

„Претседателството на Демократски сојуз, на вчерашната проширена седница, донесе одлука за учество на локалните избори.

Демократскиот сојуз, на локалните избори ќе биде дел од коалицијата предводена од СДСМ.

Економскиот развој на централно и локално ниво, како и разрешување на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, се битни предуслови за подобар живот за сите, а младите да останат и создаваат овде во Македонија.

За Демократскиот сојуз, врвни приоритети се стабилноста на државата, динамичен економски развој и отворање на нови работни места, реформи во судскиот систем и безбедносните служби, како и ефикасна борба против организираниот криминал и корупција.

Демократскиот сојуз оценува дека само со победа на локалните избори ќе се обезбедат услови да продолжат започнатите промени и реформи, кои се неопходни за имплементација на стандардите клучни за влез на Република Македонија во НАТО и ЕУ“ се вели во соопштението на Демократски сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски