Александрова: СДСМ сака да ја узурпира волјата на граѓаните со цел да го намалат катастрофалниот пораз на локалните избори

Од:

Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека граѓаните во изминативе 100 дена се сведоци на скандали и штетни политики кои станале основен белег на владеењето на СДСМ.

– Намерата на СДС и Зоран Заев да се стави полицијата во функција на изборите преку притисоци и манипулации е скандал од невидени размери. СДС сака на овој начин да ја узурпира волјата на граѓаните се со цел да го намалат катастрофалниот пораз на локалните избори Откако беа фатени живи преку својата SWOT анализа дека сакаат да ја стават полицијата и Буџетот на Република Македонија за уцени и сеење на страв, во очај и паника поднесуваат кривични пријави против кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, рече Александрова.

Таа ги повика ДИК, јавното обвинителство и меѓународната заедница да реагираат на овој скандал и да ги осудат ваквите противзаконски дејствија на Заев и Спасовски.

– Граѓаните на Република Македонија во овие 100 дена ги препознаа катастрофалните политики на СДС. Граѓаните на Република Македонија во овие 100 дена препознаа лаги, манипулации и тотални измислици. Ваквото однесување мора да биде казнето, овие луѓе мора да си одат. Затоа Зоран Заев и СДС на претстојните избори на 15-ти октомври ќе бидат јасно и недвосмислено казнети од страна на граѓаните, рече Александрова.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито