Стојаноски: Наместо професионалноста и компетентноста, за Заев единствен услов за вработување е да си активист на шарената револуција

Од:

Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека продолжува вработувањето на припадниците од шарената револуција, а последен таков случај е Замир Мехмети, брат на поранешната пратеничка од ДУИ, Емира Мехмети.

– Мехмети стана неизвршен директор во одборот на директори на „Македонски Телеком“. И ова вработување исто како сите останати е спроведено без конкурс. Се поставува прашањето кои критериуми ги има исполнето Мехмети за да биде награден со ваква важна функција во Телеком и да ги застапува интересите на Република Македонија. Ова ли е таа професионализација што толку многу ја најавуваше СДС и Заев во предизборниот период? запраша Стојаноски.

Тој рече дека наместо критериум да биде професионалноста и компетентноста единствен услов било да си активист на шарената револуција.

– Ваквите вработувања не се непознати за СДС и Заев. Не издржаа ниту 100 дена како се на власт а почнаа да вработуваат луѓе по партиско – роднинска врска. Замислете, Генералниот Секретар на Владата, Драги Рашковски си ја вработи мајката на неговата сопруга за претседател на Комисијата за жалби. Списокот на ваквите безобразни вработувања е долг. Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил, Никола Наумовски, Мирослав Грчев, Петрит Сарачини, Нора Шаќири се дел од шарената платеничка револуција која со месеци дивееше и ги тероризираше граѓаните на Република Македонија и Скопје, а си најдоа места по државните институции. Како дел од тие масовни вработувања се Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Бранимир Јовановиќ, Дарко Лешоски, Влатко Васиљ, Јована Аврамчевска и многу други се дел од долгата листа на ново вработени, рече Стојаноски.

Тој додаде дека ваквите вработувања мора да престанат и дека компетентноста, стручноста и професионализмот мора да бидат единствен критериум за вработувањето.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија