А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Честојнова: За директор на Бирото за јавни набавки, Рашковски го назначи својот кумашин, Ѓорѓи Георгиевски

by А1он15/09/2017 - 11:00201
Share0

Павлинче Честојнова од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека владата на СДСМ тоне во скандали и корупција и дека единствено се фокусирани на личното богатење на функционерите.

Добивај вести на вибер

– Хаосот и катастрофата во сите области се резултат на непотизмот и срамното ангажирање на роднини, пријатели и кумашини на одговорни позиции кои се плаќаат со народни пари. Драги Рашковски, Генералниот секретар на владата на СДС е класичен поим за непотизам. Рашковски преку владата на СДС дели државни функции на блиски членови од неговото потесно семејство. Рашковски за директор на Бирото за јавни набавки, го назначи својот кумашин, Ѓорѓи Георгиевски, од Кочани, што покажува дека непотизмот во владата на СДС е главна одлика, рече Честојнова.

Таа го повика Рашковски да одговори на граѓаните по кои услови е избран Ѓорги Георгиевски за директор на Бирото за јавни набавки?

-Рашковски пред само неколку дена за претседател на второ степената владина комисија за жалби ја назначи, Елена Начевска, мајка на неговата сопруга Вероника Начевска. Да потсетиме дека за да се реализираат ваквите незаконски дејствија Драги Рашковски го ангажираше својот кум Дејан Костиќ како правен застапник на Генералниот секретаријат на владата. При што неговата адвокатска канцеларија за неколку часови давање услуги наплаќаше неверојатни 36.788 денари, што значеше класично испумпување на средствата од буџетот, рече Честојнова.

Таа рече дека граѓаните се сведоци како за овие стотина дена спротивно на закон се поставувале партиски послушници, самопрогалсени револуционери и некомпетентни кадри, а се разрешувале и отпуштале од работа докажани професионалци во институциите.

– СДС и Рашковски треба да знаат дека секое незаконско работење и прекршување на законот ќе биде ревидирано и сакционирано. За ваквиот начин на работење ќе има индивидулна и поединечна одоворност за секој оној кој се огрешил пред законот. Правната држава ќе се врати и секој ќе одговара за тоа што го сторил. На 15-ти октомври граѓаните ќе кажат не, за бандитизмот, непотизмот и неодговорноста кои се главната одлика на СДС, рече Честојнова.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:19

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 12:4822/02/2026 - 13:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен