ИКЕА гради прва стоковна куќа во Хрватска

Од:

Шведската компанија ИКЕА поднесе барање за издавање градежна дозвола за својата прва стоковна куќа во Хрватска, на источниот излез од Загреб.

Загребскиот весник „Јутарњи лист“ пишува дека отворањето на објектот е предвидено една година по почетокот на изградбата, која се очекува во март или април следната година.

Вкупната вредност на оваа инвестиција во Хрватска ќе изнесува околу 100 милиони евра.

Од ИКЕА најавуваат дека во текот на целата следна година континуирано ќе отвораат нови работни места, а кулминацијата ќе биде шест месеци пред отворањето на стоковната куќа, кога се очекува вработување до 200 работници.

Во стоковната куќа ќе работат околу 350 вработени.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин