(ВИДЕО) Михајлоски: Oслабувањето на релациите со САД нè натера да дојдеме во Вашингтон

Од:

Застранувањето од евро-атлантскиот пат и ослабувањето на релациите со САД нè натераа да дојдеме во Вашингтон за да им објасниме на американските власти дека членови на ВМРО-ДПМНЕ сакаат евро-атлантска интеграција и дека ЕУ и НАТО може да сметаат на Македонија како на голем сојузник, изјави Александар Михајлоски за „Фокус Вашингтон“, кој е член на иницијативата за внатрепартиски реформи во ВМРО-ДПМНЕ, кој е во еднонеделна посета на Вашингтон каде што има работни состаноци на високо ниво со претставници на Сенатот, Конгресот и Стејт департментот на САД.

Тој рече дека на средбите со сенаторите и конгресмените, пред сè, сака да го реафирмира и да го зајакне пријателството меѓу Македонија и САД.

„Гледано од историски аспект САД се најсилниот и најголем сојузник на Република Македонија. Нашата партија ВМРО-ДПМНЕ беше најсилната врска во односите со САД“, вели Михајлоски.

На прашање на новинарот дали Македонија е под големо влијание на Русија и дали тоа ќе биде проблем за македонската политика, Михајлоски вели дека последните години многу работи се смениле и дека во последните 5-6 години владеењето на ВМРО-ДПМНЕ предизвикало критики од Западот и тогаш партијата потпаднала под туѓи влијанија.

„Американскиот потпретседател Мајк Пенс беше во посета на Црна Гора и оттаму испрати силни пораки за големото влијание на Русија во Македонија, како и дека Западен Балкан е во интерес на САД. Тој рече дека Западен Балкан треба да биде дел од Европската Унија и НАТО. Овие силни пораки ќе ги демотивираат силите што сакаат да ја однесат Македонија во друг правец, кој не е нашиот природен пат. Од самиот почеток како прва демократска партија во Македонија и прва антикомунистичка партија први ја промовиравме интеграцијата во ЕУ и НАТО. Од самиот почеток бевме најсилната алка меѓу Македонија и САД. Последните неколку години многу работи се сменија. Нашата партија беше на власт 11 години, а начинот на кој владееше последните 5-6 години предизвикуваше критики од Западот. Тогаш нашата партија потклекна под влијание од други страни. Тука тие почнаа да ја менуваат насоката на Македонија од проевропска, прозападна и про-НАТО земја. Отсекогаш сме се стремеле да станеме дел од Европа бидејќи ние географски и припаѓаме таму. Сите наши соседи веќе се или ќе станат членки на ЕУ, 80 отсто од нашата надворешна трговија се со земјите од ЕУ и сосема логично е политиката да ја следи економијата. Затоа треба да бидеме дел од ЕУ“, вели Михајлоски.

Тој вели дека Македонија за 10 години ја гледа како дел од ЕУ, членка на НАТО и верува дека Македонија ќе стане стабилна, просперитетна, демократска држава и дека ќе донесе стабилност во регионот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија