А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се пресметува со земјоделците кои не се под нивна контрола

by А1он14/09/2017 - 18:52123
Share0

ВМРО-ДПМНЕ испрати писмено соопштение, реакција на прес-конференцијата на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски

Следете a1on на Instagram Instagram

„СДС го користи министерството за земјоделство како средство за пресметка со своите политички неистомисленици.

СДС преку иницијативата за ревизија на договорите за доделување на државно земјоделско земјиште, се пресметува со земјоделците кои не се под нивна контрола.

Николовски нема никаков легитимитет и кредибилитет да зборува за фер и правично доделување на земјоделско земјиште и воведување на нови постапки бидејќи пред извесен период се објави оглас за земјоделско земјиште, потпишан од истиот министер, а според критериуми утврдени со закон кој што го донесе претходната влада.

Следете a1on на Youtube YouTube

Доколку имало било какви проблеми со процедурите и постапките истиот со владата од СДС ќе иницираше промени во законот, со цел подобрување на постапките и процедурите.

Ова е уште едно лицемерно претставување на Љупчо Николовски пред земјоделците со цел нивно заплашување и ставање под контрола на истите.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година поднесе измени на законот за доделување на земјоделско земјиште, по пат на електронско јавно надавање, со цел фер и транспарентно доделување на земјоделското земјиште во државна сопственост за комерцијални намени.

Земјоделците се тие кои што ќе судат, која влада и министерство доделувале земјоделско земјиште по фер и правични критериуми, заради тоа што податоците кажуваат дека до 2006 година доделени се 100.000 ха земјоделско земјиште, на 411 лице, додека од 2006 година до 2016 година доделени се 65.000 ха земјоделско земјиште на околу 6000 лица.

Повторно манипулации и лаги од страна на министерот во министерството за земјоделство, Љупчо Николовски. СДС спроведува политички реваншизам и затоа ќе бидат казнети на претстојните локални избори на 15 октомври“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

Горан Наумовски15/05/2026 - 09:04

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

Горан Наумовски13/05/2026 - 09:04

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски11/05/2026 - 09:3311/05/2026 - 09:43

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

Горан Наумовски11/05/2026 - 09:03

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

Горан Наумовски03/05/2026 - 15:08

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

Предраг Петровиќ18/04/2026 - 10:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто