Младинските организации како дел од Берлинскиот процес – расправа во Комисијата за европски прашања

Од:

Јавна расправа на тема „Младинските организации како дел од Берлинскиот процес“ се одржа денеска во собраниската Комисија за европски прашања.

Претседателот на Комисијата Артан Груби го потенцира значењето на Договорот за основање на регионална канцеларија за младинска соработка, со кој со трасира патот за основање на институционален механизам за регионална соработка на граѓанското општество и се промовира мобилност, активно граѓанство и интеркултурно учење во духот на процесот на европската интеграција.

Договорот е ратификуван од Собрание, а произлегува од Заедничката декларација за основање на Регионална канцеларија за младинска соработка, популарно наречена RYCO, потпишана 2015 година во Виена, како дел од т.н. Берлински процес.

Воведни обраќања на темата имаа директорот за млади и спорт Дарко Каевски, амбасадорот на Италија Карло Ромео, на Велика Британија Чарлс Гарет, амбасадорката на Австрија Рената Коблер и претстваникот на амбасадата на Франција Себастијан Ботро Бонетер.

Во дискусијатата учество земаа пратениците Ивана Туфегџиќ и Никола Поповски, како и претставниците на младинските организации Блаже Малески, Дона Костуранова, Мартин Милошески, Матеј Маневски, Александра Филипова, Бојана Наумовска, Ѓоко Вукановски, Симона Младеновска и Бујар Лима.

Во расправата беше искажано задоволство од вклученоста на младите во рамките на Регионалната канцеларија за младинска соработка со седиште во Тирана, како и за потребата од поголема поддршка за работата на младинските организации, во рамките на органите и државните институции во земјата.

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он