По „АјФон“, „АјПод“ и „АјПад“ американската компанија „Епл“ работи и на создавање паметен часовник „АјВоч“, објави американскиот бизнис портал „Бизнис Инсајдер“.
Порталот тврди дек „Епл“ соработува со „Интел“ на развој на иОС часовник. Извори од синџирот за набавки на компанијата за кинескиот блог „Tech163.com“ потврдиле дека часовникот ќе има „блутут“ и спортски екран ОЛЕД од 1,5 инчи.
Паметниот часовник „АјВоч“ треба да биде претставен во првата половина на идната година.
Аналитичарот Џен Мунстер смета дека „Епл“ би можел да влезе во линија на компјутери кои се носат на рака.
„The Next Web“ наведува дека преку „кикстарт“ кампања досега се собрани над 10 милиони долари од инвеститори што се уверени во иднината на паметните часовници.
Порталот „Бизнис Инсајдер“ наведува дека, иако информациите доаѓаат од блог и се во фаза на гласини, паметните часовници претставуваат уште еден простор во кој „Епл“ би можел да најде сериозен интерес и побарувачка.