Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за економски прашања и за култура.

На собраниската Комисија за европски прашања е закажана јавна расправа на тема „Младинските организации како дел од Берлинскиот процес”.

На комисијата за економски прашања на дневен ред е Предлог на закон за трговија на зелени пазари, по скратена постапка – второ читање, поднесен од Ејуп Аљими, Петре Шилегов, Весел Мемеди, Артан Груби.

Комисијата за култура на седницата има три точки на дневниот ред – Предлог-закон за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија во прво читање; Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за употреба на македонскиот јазик во прво читање и Активности за подготовка на Предлог-програмата за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2018 година.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on