Италијанскиот производител на автомобили „Ламборџини“ објави кусо видео во кое потсетуваат на достигнувањата во минатото и го најавуваат својот иден револуционерен модел Урус.
Долгоочекуваниот новитет од „Ламборџини“ ќе биде официјално претставен на 4 декември 2017, цели 24 години по крајот на производството на првиот „теренец” на оваа компанија, моделот ЛМ-002.
Со, тоа, Ламборџини ќе се вклучи во „трката на пазарот“ на луксузни СУВ теренски возила, каде што свои позиции веќе имаат – „Порше“, „Бентли“, „Масерати“ и „Јагуар“, а свои модели најавуват и „Ролс Ројс“, „Астон Мартин“, па дури и „Ферари“.