Шекеринска-Креј: Македонија членка на НАТО е заедничка цел

Од:

Република Македонија смета на своите стратешки партнери особено во овие моменти кога работиме забрзано на нашата стратешка цел – членството во НАТО, порача денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска по средбата со командантот на Националната гарда на Вермонт генерал мајор Стивен Креј, кој е во неколкудневна посета на Македонија.

– Македонија членка на НАТО е заедничка цел заради тоа што служи на двата крупни интереса – стабилен регион и стабилни и безбедни граѓани на РМ. НАТО е сериозен сојуз, а членките сериозни држави. Затоа нашиот ангажман е сериозен, рече Шекеринска.

Според неа, стратешките определби не се само зборови, туку тие ги покажуваме на дело.

– Нашата определба за членство на Македонија во НАТО ја докажавме и преку нашето постојано учество во меѓународните мисии, вклучително и мисијата во Авганистан кое го продолжуваме и зголемуваме, а го покажавме и во текот на заедничката вежба со Американските воени сили, истакна министерката Шекеринска.

Нагласи дека стратешкото партнерство е искажано и со дела на САД, особено од страна на Националната гарда на Вермонт, при што повеќе од 4.500 војници на АРМ учествувале во заедничките активности со НГ на Вермонт.

Според конамндантот на НГ на Вермонт, Креј, за кого ова е шеста посета на Македонија, стратешкото партнерство што го имаат двете држави е од големо значење за армиите, односно за стекнатите позитивни исксутва.

– Горди сме и на успехот што го имавме и на мисијата Феникс и се надеваме дека ќе продолжиме да се надградуваме над овој успех, рече генерал Креј.

Тој најави дека за време на посетата во наредните денови ќе разговараат за активностите кои ќе бидат преземани во текот на следните години, за ангажманите на двете армии, за членството на Македонија во НАТО. Командантот на НГ на Вермонт рече дека со цивилниот сектор ќе се разговара за надградување на капацитетите и помош во областа во одговор при катастрофи, а ќе се разговара и за развојот на подофицерскиот кор, образованието и инженерските способности.

Би можело да ве интересира

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on