Одбиено барањето на ВМРО-ДПМНЕ, Законот за употреба на јазиците да биде тргнат од дневен ред

Од:

Предлогот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ предлог-законот за употреба на јазиците да биде симнат од дневниот ред на денешната 15. собраниска седница, беше одбиен од страна на мнозинството во Собранието.

Координаторот на една од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски побара од Собранието да се тргне оваа точка од дневен ред образложувајќи дека овој закон не е во согласност со процедурите и ги повика пратениците да го усвојат неговиот предлог.

– Повикувам на одговорност и на совесност кај пратениците, да гласаме да се повлече ова законско решение кое нема да донесе добро ниту на албанската, ниту на македонската заедница.Да отвориме широка дебата, да се изјасни стручната јавснот и да се изготви заедники прифатлив предлог. Од друга страна, со предлог-законот требаше да се расправа на Комисија за политички систем, да се тргне европското знаме затоа што не се усогласува со европско законодавство и да се запазат собраниските процедури, рече Димовски.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, рече дека е веќе утврдено на кое работно тело ќе се расправа по предлог-законот и дека сега веќе е депласирано да се расправа по тоа прашање. По ова, предлогот на Димовски беше ставен на гласање и не беше прифатен од мнозинството пратеници.

На дискусијата на Димовски се надоврза и пратеникот Антонио Милошоски, кој читаше делови од деловникот кои, според него, укажуваат дека предлог-законот е надвор од процедурата. На негов предлог, седницата е прекината со едночасовна пауза.

На 15-тата седница на Собранието, покрај предлог-законот за употреба на јазиците е и одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Државната изборна комисија, како и пакет законите што ги предложи СДСМ , а се однесуваат на зголемување на минималната плата од 12.000 денари, материјална отштет за стечајните работници и укинување на радиодифузната такса.

Би можело да ве интересира

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите