(ВИДЕО) Јовановски: Владата не задолжува со нови 400 милиони евра

Од:

СДСМ денеска на прес-конференција обвини дека власта продолжува со задолжувањето на граѓаните за нови над 400 милиони евра, односно оти секое четиричлено семејство ќе биде задолжено со нови 800 евра.

„Денеска во Собранието, на комисијата за финансирање и буџет, без присуство на опозицијата е одобрен заемот од Светска банка во износ од 50 милиони долари или 38.7 милиони евра. Дополнително, во собраниска процедура денес влегува и законот за нов заем од Дојче Банка во износ од 250 милиони евра, кој истотака без присуството на опозицијата се очекува да биде донесен до крајот на оваа година. Покрај ова, само од 18 до 25 декември, или додека траеше расправата за буџетот и тепањето на пратениците, државата на домашниот пазар го зголеми долгот за нови 125 милиони евра”, рече Зоран Јовановски од СДСМ.

Aко се соберате на куп сите овие задолжувања, Власта во овој краток период, ги задолжува граѓаните на Република Македонија за преку 400 милиони евра.

„Не мораше да биде вака. Власта можеше го прифати планот за штедење на опозицијата, со кој ем ќе имаше пари за плати, пензии, субвенции, исплата на социјална помош, ем ќе беа скратени сите непотребни трошоци, ама граѓаните немаше да бидат задолжени за нови 400 милиони евра. Наместо тоа, власта одбра на сила да го задолжи секое четворочлено семејство во Македонија за нови 800 евра”, додаде Јовановски.

„Власта се смени во третиот квартал од 2006 година. Според тоа, ако го земете предвид тој податок од тоа време, ќе видите дека ВМРО-ДПМНЕ, и покрај тоа што во касата ги најде парите од прадажбата на ЕСМ и со тие пари пред време враќаше долг, сепак ВМРО-ДПМНЕ повторно ја дотера работата до таму до каде што ја дотера со нивото на задолженост, односно висината на јавниот долг”, додава Јовановски.

Според Јовановски најстрашно во целата ситуација, не е само висината на јавниот долг денес, туку за која намена беа сите овие огромни задолжувања во изминативе неколку години.

Би можело да ве интересира

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он