Законот за јазиците помина на Комисијата за политички систем

Од:

Предлог законот за употреба на јазиците денеска беше поддржан од собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Пратеникот Антонио Милошоски рече дека законот вака како што е предложен води кон целосна двојазичност и федерализација на Република македонија.

Тој рече дека овој закон е неуставен и ќе ја зголеми недовербата меѓу Македонците и Албанците, а ќе доведе и до дискриминација кај помалите етнички заедници.

Според него, со донесувањето на овој закон ќе има глоби за судовите, обвинителствата, училиштата, универзитетите и кои било други установи кои нема да го спроведат.

Независниот пратеник Ферид Мухиќ од рече дека овој Предлог-закон е уставен и се базира на амандманот 5 од Уставот. Тој притоа потенцира дека ставот 2 од амандманот 5 од Уставот предвидува јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните исто така да е службен јазик.

Африм Гаши од БЕСА рече дека ставот на неговата партија е оти употребата на законот треба да се усвои со консензус. – Да имаме заеднички заклучок од сите политички партии и ова прашање да се затвори еднаш и засекогаш, рече Гаши, додавајќи дека решавањето на овој проблем е од државен интерес.

Според него, со употребата на албанскиот јазик како службен ќе се зајакне стабилноста на државата, ќе се зближат граѓаните и тоа ќе биде добро за целото општество.

Шпреса Хадри од ДУИ смета дека Предлог-законот е од исклучително значење затоа што станува збор за едно универзално право кое луѓето треба природно да го уживаат.

Зборувајќи за глобите во однос на непримената на јазикот, посочи дека тие не се за лица на кои не им е должност да го употребуваат, туку глобите се за институциите кои треба да обезбедат услови за примената на јазикот, а ако не ги исполнат тие услови тогаш следуваат глоби. – Да не манипулираме со граѓаните и да не велиме дека во секоја градинка и во секој дел на Република Македонија каде нема Албанци треба да се употребува албанскиот јазик, рече таа.

Предлог законот за употреба на јазиците е на дневен ред на денешната 15. седница на Собранието на Република Македонија.

Минатата недела поддршка за законското решение даде и собраниската Комисија за европски прашања.

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он