ВМРО-ДПМНЕ до Шилегов: Зошто не гласаше за Законот за зеленило, а се залагаш за зеленило?

Од:

Бидејќи гледаме Петре Шилегов во континуитет се интересира за зеленилото во град Скопје, јавно го прашуваме зошто не гласаше за Законот за зеленило и не го поддржа и дали и колку дрва посади тој за 7-те луксузни живеалишта кои ги поседува во Скопје.

Граѓаните го гледаат лицемерието на Шилегов и начинот на кој сака да ги манипулира со целосни невистини.

Граѓаните гледаат и знаат дека во град Скопје, во изминативе 4 години беа подигнати нови 330.000 м2 зелени површини, а засадени се нови 256.000 листопадни и зимзелени садници.

Граѓаните знаат дека во периодот додека Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ управуваа со град Скопје, се преземени бројни мерки со кој се подобри секојдневното живеење. набавени се над 300 нови едноподни и двокатни автобуси, со што се исфрлија од возен ред автобусите кои беа стари и над 30 години.

Реконструирани и проширени се голем број на булевари и улици на територија на град Скопје, со што се намали сообраќајниот метеж и се овозможи побрз проток на возила“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда