Се уште активен пожарот во делчевско

Од:

Пожарот кој избувна вчера попладне кај делчевското село Драмче се уште е активен. Гори борова шума и сува трева на површина од над 100 хектари, а опожарени се и десетина објекти меѓу кои и куќи од неколку маала од селата Драмче и Селник, села кои се од разбиен тип.

Драган Балас од Центарот за управување со кризи истакна дека гаснењето на пожарот продолжи утрово.

-Зафатена е голема површина над 100 хектари засега не можеме со сигурност да кажеме колкава површина е опожарена, но пожарот с е уште гори . Сега се шири накај селото Киселица, но успеавме а го спречиме ширењето кон границата со соседна Бугарија. Во пожарот изгореа десетина куќи и објекти во неколку маали од селото кое е од разбиен тип, но, спасена е црквата „Св Петка“ која е значаен културно-верски споменик со потекло од 14 век, рече Балас.

Тој додаде дека во гаснењето актвирани се стотина лица од ТППЕ од регионот, од ЈП Македонски шуми „Голак“ Делчево, како и ЈП „Брегалница“ од Делчево, од Граничната полиција и месно население.

Според привичните информации пожарот започнал од куќа во Стамболиското маало од фурна за леб по што со помош на силниот ветер и сувата трева се проширил кон блиската борова шума од каде зафаќа голема површина во двете делчевски села Драмче и Селник. Поради големата брзина на ширење на ветерот и непристапниот терен, во неговото гаснење вчера попладне учествуваа и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Би можело да ве интересира

Михаилов: Силен пожар од Србија се приближува кон Македонија

А1он

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ЦУК: Десет пожари на отворен простор, активни се шест

(ВИДЕО) Ангелов: Изгаснат пожарот кај Лопатица, останува високиот ризик од нови огнени стихии

ЦУК: Пет активни пожари, два се под контрола

Горан Наумовски

Пожар во атарот на кумановското село Никуштак