Тркалезните отвори на оваа лампа се како кратери на Месечината, што оваа лампа ја прави мистериозна со декор во секој ентериер.
Дизајнерот Константин Болимонд бил инспириран со уникатен пејзаж на Месечината и својата инспирација ја пренел на лампата „Armstrong Light Trap“.
Армстронг лампата е кугла која е ишарана со отвори со различни големини на својата површина. Кога сите отвори ќе се затворат со чепови, тогаш целиот склоп потсетува на сателит.
Ако се активираат ЛЕД светилките внатре во неа, потребно е само да се извлече чепот. Што повеќе чепови се извлечат, толку е посилна светлината која продира низ лампата.
Кога ќе ги вратите чеповите, светлото се гасне.
Оваа лампа може да работи на батерии, или може да се приклучи на струја. Совршена е како средство за максимална заштеда на енергија, и исклучителен декор е во куќата, дворот, терасата или на кампирање.