Николиќ: Ќе го решиме спорот меѓу Грција и Македонија

Од:

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ изјави дека постојат големи шанси тој да помогне во спорот меѓу Македонија и Грција, кој го блокира патот на Скопје кон ЕУ, пренесуваат српските медиуми.

„Патував и во двете држави и разговарав со претседателите и премиерите на двете држави. Спорот е голем и ми се чини дека може да биде решен ако и едните и другите сфатат дека со тврдоглаво инсистирање никаде нема да стигнат“, рече Николиќ.

Тој додаде дека наскоро очекува да се сретне со грчкиот и македонскиот претседател, средба која би можела да биде прв нивен разговор по подолго време.

„Им реков и на едните и на другите дека им стојам на располагање, но доколку бидам замолен да предложам решение, тоа нема да биде прифатливо само за едните или само за другите, можеби нема да биде прифатливо ниту за едните, ниту за другите, но Балканот повеќе не смее да биде место за судир. Додека ние стоиме, другите отидоа далеку напред“, изјави српскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски