Меѓународен научен собир се одржа во Неготино

Од:

Меѓународен научен собир на тема „Процеси на културна интерференција” односно Балканот помеѓу Истокот и Западот, изминативе три дека се одржа во Неготино.

Магистер асистент Александар Василески, истражувач при Јавната национална установа Институт за старословенска култура од Прилеп, синоќа во изјава за медиумите изрази задоволство што Институтот го одржа овој собир заедно со соработниците од Институтот за словенска филологија при Универзитетот “Адам Мискијевиќ” од Полска. Настанот се одржа во конаците на манастирот “Свети Ѓорѓи” близу Неготино.

– Домаќини сме на повеќе од 40 научници и научни работници од неколку земји, научниот собир е успешен, распоредени се излагањата во неколку сесии на различни теми, бидејќи нашата институција е самата по себе по својот карактер интердисциплинарна. Имаме присутни етнолози, археолози, историчари на уметност, историчари-лингвисти, нагласи Василески.

Тој изрази надеж дека со ова ќе се помогне за унапредување на научната мисла која се однесува на процесите на мешање на културите. Нешто, како што рече, толку актуелно во денешно време.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисоки цени за пазарот, институциите мора да реагираат

(ВИДЕО) Костовски: Скандал во Неготино, пет пати поскапи цени од реалните: Пазар од злато или пари во џеб?

(ВИДЕО) СДСМ: Пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

А1он

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“