ВМРО-ДПМНЕ: За три месеци не видовме ниту една мерка која СДСМ ја спроведе за подобрување на образованието

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмена реакција одговори на денешната прес-конференција на министерката за образование Рената Дескоска.

„Само три месеци му беа доволни на СДС да го урниса македонскиот образовен систем, кој наместо да се движи по веќе трасираниот пат за напредок и развој, почна да ги губи вредностите кои ги достигна во изминатите години, а се резултат на вложениот труд и макотрпна работа на владата која ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ, во чии стратешки политики образованието беше јасно дефиниран врвен приоритет.

За три месеци не видовме ниту една мерка која СДС ја спроведе во интерес на учениците, нивните родители, наставниците, студентите, професорите и научниците. Напротив, само кратења, укинувања и стопирања.

Средствата наменети за изградба на училишта, спортски сали, факултети и студентски домови, за печатење на книги и учебници, експресно беа намалени за 1,5 милијарди денари, кои, најголема е веројатноста дека ќе се алоцираат за изградба на станови за мигранти и бегалци.

Стопирана е најкрупната образовна реформа која се имплементира со поддршка на престижниот британски универзитет Кембриџ и единиците кои функционираат во негов состав. Логиката на СДС е дека младите нема потреба да учат од нови, квалитетни учебници и наставни програми во кои се интегрирани најновите информации и светски научни достигнувања. Залудни се обидите на СДС за погрешна и сензационалистичка интерпретација на делови од писмената комуникација со овој врвен светски реформатор на образовни системи во повеќе од 160 земји. Во дописите до претходната влада, Кембриџ јасно и недвосмислено оценува дека континуитетот на реформата од основно образование во средно образование ќе овозможи учениците да го надградат напредокот кој го постигнуваат и ќе продолжи да ги развива нивните математички и научни вештини, особено во насока на решавање на проблеми и научно истражување.

Додворувањето на родителите со цел краткорочно да бидат освоени нивните симпатии е крунисано со популистичкото укинување на процесот на екстерната проверка на знаењето на учениците кој постои во речиси сите земји членки на ЕУ и ОЕЦД, без притоа да спроведе анализа на ефектите од истото.

Скратени се можностите на граѓаните за стекнување на високо образование во родните градови и места на живеење со помали трошоци. Голем дел од дисперзираните студии кои беа одлична можност за стекнување факултетско знаење, независно од финансиски прилики на младите, па и повозрасните со желба, повеќе не постојат. Дополнително, укинат е и проектот 30/35 воведен од владата на ВМРО-ДПМНЕ кој им овозможуваше на граѓаните, односно жените над 30 и мажите над 35 години, да се запишат и да студираат на некои од државните универзитети со значителни финансиски олеснувања.

Со брзина на светлината на советничките места во образовните институции и училиштата незаконски се вработуваат членови на разноразните партиски пленуми, кои без соодветна стручност и подготовка ќе треба да ги конципираат идните образовни политики на државата и уште пострашно, ќе треба да ги едуцираат младите и иднината на оваа земја.

Нарушени се односите со најголемите синдикални организации во образованието. Наместо приоритетност, СДС одлучи да ги игнорира легитимните социјални партнери на владата и да работи исклучиво со здруженија кои самата ги основаше, а кои играат улога на независни граѓански поборници за подобро образование и за подобар општествен статус на воспитно образовниот кадар.

Учебната година е во тек, а учениците се уште немаат учебници и помошни материјали.

Не видовме дека започна да се реализира ниту една капитална инвестиција, ниту пак, се довршија оние кои ги отпочна владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во чие време, потсетуваме дека се изградени 74 нови училишни објекти, преку 400 се реконструирани, изградени се над 100 училишни спортски сали, нови универзитети и студентски сместувачки капацитети.

Некадарната министерка за образование од редовите на СДС дури и ги стопираше активностите за реконструкција на 15тина училишта кои беа дефинирани и требаше да бидат обновени ова лето, како ОУ „Никола Карев“ во Пробиштип, ОУ „Тошо Арсов“ во Штип, „Перпарими“ во Чегране.

Наставниците се во грч. Исто како во периодот на транзицијата. Освен што не го продолжи трендот на покачување на нивните плати, кој ВМРО-ДПМНЕ го започна во 2006 година и досега, највисоката плата во образованието успеа да ја покачи за 67%, а најниската за 119%, СДС најави кратење на предмети и наставни часови, што значи отпуштања од работа и оставање многу семејства без основна егзистенција.

Овие сивила се одликата на првите 100 дена од работата на владата на СДС. Оние кои подзаборавиле, сега имаат можност да се потсетат. Оние кои не знаат или не биле сигурни, имаат можност да се уверат кој ги крати надежите за развој на образованието. Да направат компарација, кој имал и има концепт за влог и напредок, а кој сака да се врати стотици чекори назад.

СДС создаде вистински хаос во образованието. Урнисувањето на образовниот систем мора да престане. Можноста е 15-ти октомври. По нашата голема победа на локалните избори, ќе се отвори патот за предвремени парламентарни избори по кои, не само образованието, туку и сите останати области, општествени групи и граѓани ќе го добијат заслуженото внимание.

До тогаш, ВМРО-ДПМНЕ преку пратениците во Собранието на Република Македонија и преку партиската комисија за образование и наука ќе продолжи да се спротивставува на сите расипнички образовни политики на СДС и како и досега, ќе предлага и работи на имплементација на позитивни мерки и проекти од интерес на засегнатите чинители во оваа суштинска сфера за севкупен општествено економски просперитет на земјата“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија