Електромобилите најмногу се произведуваат во Норвешка, Финска, но и во Франција, Велика Британија и Германија. Сепак, интересно е тоа што овие нови еколошки возила се повеќе продавани во земји кои не се проиводители…
На прво место тука е Холандија, објави порталот „Гринвеј“.
Во Франција најпродавани електрични возила се Рено Зое, Рено Канго ЗЕ и Нисан Лиф. Рено Зое е на прво место и во Австрија.
Норвежаните ги претпочитаат Тесла С и Нисан Лиф.
Во Германија, пак, годинава, моделот Смарт Електрик Драјв ги надмина Нисан Лиф, Рено Зое, Тесла С и БМВ и-3. Во Швајцарија, Тесла С има 20 отсто поголема побарувачка од Нисан Лиф.
Најбарани модели во Велика Британија пак, се Нисан Лиф, со мала предност пред Опел Амера и Рено Зое.